Фото: Промо

Јала Брат и Буба Корели подготвија специјално изненадување за нивните обожаватели на концертите на 28 и 29 ноември

Јала Брат и Буба Корели на 28 и 29 ноември во Арената „Јане Сандански“ ја започнуваат европската турнеја „GOAT Tour“, а токму македонските обожавател ја имаат честа први да го искусат специјалното изненадување што дуото го воведува токму на овие концерти – да ги запознаат ѕвездите во „бекстејџ“ искуство по концертот. Само за одбрани!

Станува збор за ексклузивен концепт осмислен специјално за оваа турнеја, кој досега не бил реализиран на нашата регионална музичка сцена.

Членови од нивниот тим ќе ја обиколуваат салата пред почетокот на секој настап, во потрага по обожаватели кои се издвојуваат по енергија, жар и посветеност. Одбраните по концертот ќе бидат спроведени позади сцената, каде што ги очекува директна средба со Јала и Буба и специјално подготвени подароци — момент наменет за оние што со години најсилно ја носат нивната музика.

– Поздрав екипо. Имаме посебно изненадување за вас на сите концерти од „GOAT“ турнејата! Бидејќи првпат приредуваме ваков голем спектакл, решивме да ве запознаеме лице в лице. Значи, пред почетокот на секој концерт членови од нашиот тим ќе ја обиколуваат салата во потрага по најлудите, најсилните и најжестоките фанови. Тие лично ќе ги одберат и ќе ги спроведат позади сцената по секој концерт за да се запознаат со нас, а подготвивме и некои подароци. Така што, се гледаме во Скопје на 28 и 29 ноември, а се гледаме и позади сцената. Се радуваме! — порачуваат Јала и Буба преку Инстаграм.

Турнејата под назив GOAT TOUR, која ја претставува платформата Мјузик вик, а продукциски и организациски ја потпишува Скај мјузик, ќе опфати повеќе од десет европски градови. По Скопје, следуваат концерти во Штутгарт на 13 декември, Цирих на 21 март, а потврдено е и шоу и во Загреб на 9 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот