Извештај на Светскиот економски форум: Се предвидува родова еднаквост во светот по 135 години

Родова еднаквост/ Илустрација

Пандемијата на коронавирусот избриша години напредок кон еднаквост меѓу мажите и жените. Кризата додаде децении на траекторијата на затворање на родовиот јаз, се наведува во извештај на Светскиот економски форум.

Неколку студии покажуваат дека пандемијата на коронавирусот диспропорционално влијаела на жените повеќе отколку на мажите на пазарот на трудот. Одделно, жените зедоа поголем товар во воспитувањето на децата поради затворените училишта и градинки.

Последиците ќе се почувствуваат на долг рок, според годишниот извештај за родовата еднаквост. Откриено е дека постигнувањето на целите на еднаквост се уште подалеку.

Пред избивањето на пандемијата, Светскиот економски форум објави извештај во декември 2019 година, кој покажа дека родовата еднаквост во голем број области може да се постигне до 99,5 години. Но, годинешниот извештај вели дека светот нема да постигне рамноправност на половите во следните 135,6 години.

Организацијата со седиште во Женева годишно ги следи родовите разлики во 156 земји во четири области – образование, здравство, економски можности и политичко зајакнување.

Жените постепено го затвораат јазот во области како што се здравството и образованието. Но, нееднаквоста на работното место, која одамна е најпроблематична област, ќе опстане уште 267,6 години.

Светскиот економски форум цитира студија на Меѓународната организација на трудот според која жените имаат поголема веројатност да останат без работа за време на кризата, делумно затоа што тие се диспропорционално застапени од сектори директно погодени од блокадите.

Други студии покажуваат дека жените имаат поголем товар поради зголемената домашна работа и грижата за децата за време на блокадите, што доведува до зголемен стрес и пониски нивоа на продуктивност.

Жените, исто така, се вработуваат со побавно темпо од мажите додека се создаваат работни места.

Во политичката сфера, родовата нееднаквост се шири во неколку големи земји.

Жените сè уште имаат околу една четвртина од парламентарните места во светот и само 22,6 отсто од министерските места. Со сегашната траекторија, не се очекува јазот да се затвори целосно во следните 145,5 години. Ова претставува пораст од 50 отсто од проценетите 95 години во претходниот извештај.

Напредокот во различни категории варира од земја до земја и регион до регион.

Ако земјите од Западна Европа можат да го затворат јазот за 52,1 години, на земјите од Блискиот Исток и Северна Африка ќе им требаат 142,4 години.

Општо земено, скандинавските земји повторно доминираат. Највисока еднаквост меѓу мажите и жените има во Исланд (12-та година по ред), следуваат Финска и Норвешка. Нов Зеланд е на четвртото место, пред Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот