Израз што ги обединува сите зла на 2022 година е „збор на годината“ во англискиот јазик

Фото: Tim Ellis, Flickr

Брегзит, ковид, војна, климатски катастрофи, лоша економија, политичка нестабилност, глобална несигурност, чувство на пропаст која наближува. За сето тоа постои еден збор и токму тој е „збор на годината“ според Collins English Dictionary.

Зборот е „пермакриза“ (на англиски permacrisis) или долготрајна, перманентна криза. Тој е дефиниран како „продолжен период на нестабилност и несигурност“, за кој некои тврдат дека е точен опис на изминатите неколку години. Collins English Dictionary го одбра токму тој збор бидејќи „опишува колку 2022 година беше ужасна за голем број луѓе“.

Пермакриза е на врвот на листата од десет зборови, од кои шест се нови внесувања во речникот, а ја претставуваат 2022 година.

На листата се најде и „Киев“ откако името на главниот град на Украина почна да го симболизира ставот на земјата против руската агресија.

Во пораст е и праксата на изразот „тивок отказ“ (на англиски quiet quitting) кој претставува извршување само на минималните должности на работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот