Израел постави рекорд вакцинирајќи 224 илјади луѓе за еден ден

epa08937701 An ultra-orthodox Jewish man receives a coronavirus COVID-19 pandemic vaccine by a male nurse in Jerusalem, Israel, 14 January 2021. Media report that Israel is on a massive nationwide COVID-19 vaccination campaign, with more than two million people already got the first dose. EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израел вакцинираше 224.000 луѓе против коронавирусот за само еден ден, објави денеска на Твитер министерот за здравство Јули-Јоел Еделштајн, јави ДПА.

Со тоа вкупниот број лица кои ја примиле првата доза на вакцината е 2,4 милиони, а 850.000 лица ги примија двете дози.

Израел ја почна својата кампања за вакцинација на 19 декември и напредува со невидено темпо. Во Германија, на пример, со население деветпати поголемо од еврејската држава, првата доза на вакцина е дадена на 1,3 милиони луѓе, а 78.000 ги добиле двете дози потребни за целосна имунизација.

Израелските власти порано нарачаа доволен број дози на вакцина и склучија договор со производителот „Фајзер” и во замена за тоа да им обезбедат медицински податоци.

Според експертите, нивниот силен и високо дигитализиран здравствен систем придонесува за успехот на кампањата за вакцинација во земјата.

Израел во моментов доживува трет бран на инфекција и воведе карантин, кој е на сила до крајот на јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот