Измените на Законот за данок на добивка на собраниска седница

Собранието денеска треба да ја продолжи 114. седница на чиј дневен ред е Предлог законот за изменување на Законот за данок на добивка, по скратена постапка, поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство.

На деневен ред се и предлог законите за класифицирани информации и за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, двата во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и за Посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за претседателските избори и предвремените избори за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар.

На дневен ред на седницата е и Предлог одлуката за основање на Анкетна комисија за утврдување на прекршувањето на законите и злоупитребите во работењето на СЈО, поднесена од група пратеници од опозицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот