Измамил купувачи – креирал ФБ профил за да продава неквалитетни производи

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.И. (32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измамување на купувачи” по член 248 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на 2021 година, на социјалната мрежа Фејсбук креирал профил за продажба на производи и со намера да ги измами купувачите објавил дека продава грејач за шише за хранење бебиња.

Потоа, неколку граѓани го нарачале производот и откако го добиле увиделе дека доставениот производ воопшто не одговара на содржината, видот, потеклото и квалитетот како што било наведено во објавата на профилот.

Откако некои од граѓаните се обиделе да го вратат производот, пријавениот ги блокирал преку креираниот профил, по што не можеле да остварат комуникација со него и да го вратат производот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот