Изложба во „Ко-Ра“: Архивирано време и простор

Самостојната фотографска изложба „Лица и улици“ од Никола Јовановиќ е поставена во Галерија „Ко-Ра“, мал салон, при ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Изложени се 55 фотографии настанати во периодот 2019-2021 година, а инспирирани од урбаното катадневие на Скопје. На фотографиите се претставени лица од јавниот и културниот живот на градот од повеќе генерации и во најразлични амбиенти.

„Фотографите говорат за животот што пулсира со својот ритам и обилството разнородни специфики и сегменти од колективната меморија, а кои успева да го долови токму објективот на младиот фотограф, притоа укажувајќи на моќта на фотографијата, која е застапена во сите сегменти на денешницата, но добивајќи едновремено и аура на архивирано време и простор“, забележала Виолета Калиќ, историчарка на уметноста.

Станува збор за прва самостојна изложба на младиот фотограф Никола Јовановиќ, кој завршува 4 година на одделот за мултимедија во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје, изучувајќи ја две години и формално фотографијата како предмет кај професорот Боро Арсовски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 71, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 6-7 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот