Излезе „Културен печат“ број 85 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 85, во печатеното издание на „Слободен печат“ (18-20.06.2021), го отвораме со фотографии од изложбата „Монодрамите и дуо драмите на МНТ“, а меѓу содржините има:

– интервју со Никола Глигоров: Работата на „Скопско лето“, пред сѐ, претставува задоволство

– разговор со Драган Довлев за нова претстава во Театарот за деца и младинци: Подрумот со кукли како сцена за драмско дејство

– програма Креативна Европа на ЕУ – Културниот сектор има главна улога во ширењето на европските вредности

– Националната галерија реализира амбициозна програма и во тешки времиња

– Театар Комедија изведе „Театарски викенд на отворено“ на покривот на ГТЦ

– кореодрамата „Столче за разговор“ премиерно беше изведена во Младинскиот културен центар во Скопје

– изложбата „Несовршен простор“ на Здружението за култура „Транзен“ е поставена во „ЕУ хаус“ во Струмица

– уметничкиот центар „Полифонија“ својата сезона за 2021 година ќе ја почне на 24 јуни со два концерта на камерна музика

– младата пијанистка Инес Неделковска беше прогласена за музичар на неделата на интернационалната музичка младина

– пијанистката Ана Велиновска ќе настапи на фестивалот „Звуци на Алпите“ и Луцерн фестивал во Швајцарија

– објавена е новата книга „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

– „Антолог“ ја промовираше книгата „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња (културолошки ставови и искуства)“ од Весна Дамчевска

– Локалната акциона група „Агро лидер“ ja објави книгата „Мајка ми знае што се случува по градовите“ на српската поетеса Радмила Петровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот