Излекуваните од ковид-19 со недели тешко дишат, имаат болки во мускулите, многу спијат…

Пациентите што оздравеле од ковид-19 продолжуваат, со недели, а некои и со месеци, да имаат последици во форма на хроничен замор, отежнато дишење, болки во мускулите, некои сакаат да спијат по цел ден, а за некои е голем напор да се качат по скали само еден кат, пишува онлајн магазинот „Јуроп тудеј“.

Истражувањето го спровеле лекарите од клиниката „Џемели“ во Рим, Анџело Карфи и Роберто Бернабеи, испитувајќи 150 пациенти што ја прележале заразата со коронавирусот.

Од испитаните, 87 отсто потврдиле дека имаат најмалку еден од пост-ковид симптомите, најмногу преголем замор, пречки во дишењето, некои имале и психолошки проблеми, а одреден број пациенти по закрепнувањето покажале знаци на посттрауматски стрес.

Речиси сите испитаници имале проблеми со апетитот и намалување на мускулната маса.

Прочитајте и...  Заев: Не сме далеку од договор со Бугарија!

– Кoвид-19 е нова болест и ние засега ги знаеме симптомите, но малку се знае за последиците. И затоа ова истражување е многу важно – рекол Анџело Карфи.

Авторите на истражувањето посочуваат дека е позитивно што не се потврдија стравувањата на лекарите дека болеста ќе остави трајни последици врз белите дробови, црниот дроб, очите и срцето.

Лекарите препорачуваат пациентите што биле лекувани на одделенијата за интензивна нега и биле подложени на оксигенација, редовно да одат на контроли на повеќето внатрешни органи, а мора да поминат и низ долг период на физичко и психичко закрепнување.

Поврзани вести

ВИДЕО | Стефановски: Бугарската позиција за многумина е нејасна – Унијата да направи притисок врз Бугарија

Слободен печат

Меланија Трамп за последен пат традиционално ја пречека божиќната елка во Белата куќа

Слободен Печат

Бугарски новинар постави 10 „незгодни“ прашања во врска со бугарското вето за Македонија

Слободен печат - М.Д.

Дали навистина ни е потребен додаток на колаген?

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 24 ноември: Ќе бидете расположени за љубов и за покажување емоции

Слободен печат

Дискретниот шарм на експертите

Сашо Орданоски

Остави Коментар