Издание на „Антолог“: Роман „Ана“ од Николо Аманити

Издавачот „Антолог“ го објави романот „Ана“ од италијанскиот писател Николо Аманити, во кој главниот лик Ана, нејзиниот брат и други деца шетаат низ Сицилија, јадат слатки и конзервирана храна, борејќи се да преживеат. Храната и водата стануваат луксуз. Пожари беснеат низ целата земја. Дистопија. Пред четири години опасен вирус од Брисел ја заразил целата планета и го убил целото возрасно население! Останале само деца. Организирани како детски орди, изгубените и оставени мали жители изгледаат како да ја започнуваат цивилизацијата од нула.

– Во овој дистописки роман, Аманити фрла остра критика на корпоративниот глобализам што владее со светот и го потсетува човештвото дека наскоро ќе исчезне ако се остави на ова и не се спротивстави. Пораките што ги пренесува Аманити преку оваа книга се и повеќе од добредојдени во ова време кога се чини дека стварноста почнува да ги остварува предупредувањата од фикцијата – нагласуваат од „Антолог“.

Николо Аманити (роден 1966) е еден од најпознатите италијански писатели. Студирал биологија. Автор е на неколку романи и збирки раскази. Дел од неговите книги се филмувани од режисери, како Габриеле Салваторе и Бернардо Бертолучи. Во 2014 година и Аманити се испробува како филмски режисер. Македонското издание на книгата е преведено од Калина Јанева, графички уредено од Марко Трпески, а финансиски поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 28, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 25-26 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот