Издаден налог за апсење на поранешната в.д. претседателка на Боливија

epa08755437 Interim Bolivian President Jeanine Anez speaks during the opening ceremony of the general election day in La Paz Bolivia, 18 October 2020. Bolivia holds general election that was canceled in October 2019, and then were postponed since May due to the COVID-19 pandemic. EPA-EFE/JOEDSON ALVES

Обвинителството на Боливија издаде налог за апсење на поранешната вршителка на должност претседателка на државата Жанин Ањез и неколку некогашни министри.

Во образложението се наведува дека Ањез и министрите учествувале во државниот удар против претседателот Ево Моралес во 2019 година, поради што тој бил принуден да поднесе оставка и да ја напушти Боливија.

Ањез изјави дека одлуката на обвинителството претставува „чин на одмазда” и оти таа е жртва на партијата на Моралес, која во меѓувреме се врати на власт по одржаните претседателски и парламентарни избори во октомври минатата година.

Ањез, која е обвинета за тероризам, бунт и заговор, истакна дека „почнал политичкиот процес”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот