Избегната трагедија во Германија: На трибините колабираше брат на ракометар

Навивачи - илустрација/ фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Натпреварот во германската ракометна Бундеслига помеѓу ХСВ и Мелсунген се претвори во борба за живот на навивач кој колабираше на трибините.

Натпреварот беше прекинат во 23 минута при резултат 8:11 и во договор со сите актери на теренот, не е доигран бидејќи лицето кое колабираше е брат на домашниот ракометар Тајс Бергеман. Додека на трибините му се укажуваше лекарска помош, претставници на домашниот тим предложија натпреварот да не се доигрува.
– Навивачот е добар, но моравме да го прекинеме натпреварот. Сите бевме во голем шок – изјавија домашните ракомерари.

Бергеман беше покрај својот брат кој колабира и замина заедно со него во болница, и сега се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот