ИВЗ ќе одржи избори за поглавар, актуелниот Фетаху ќе се кандидира

Вршителот на должноста поглавар на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху ќе се кандидира на најавените избори за прв човек. Тоа го потврди денеска во одговор на прашањето за престојните избори и датумот за нивното одржување.

Актуелниот поглавар на ИВЗ, Реисул Улема Шаќир Фетаху најави дека изборите ќе се одржат во согласност со регулативата на ИВЗ, а кандидатите од следната недела ќе можат да ги поднесуваат кандидатурите до надлежната комисија. Според Фетаху, овој орган треба да заседава и да го одреди денот кога ќе се одржат изборите.

Фетаху рече дека ќе се кандидира за поглавар на најбројната верско-исламска заедница и не му е познато кои се неговите конкуренти.

-Секој да излезе со програма со која ќе ги насочи идните активности на заедница, е пораката што ја упати Фетаху до сите кои планираат да се кандидираат.

Во јавноста пред извесно време се збореше дека еден од аспирантите за функцијата е тетовскиот муфтија Ќани Несими.

Поглаварот на ИВЗ се избира со гласовите на сите муфтии во земјата и раководителите и директорите на верски институции кои се вкупно двесет.

На вчерашниот состанок во ИВЗ покрај темата за изборот на нов поглавар, беа назначани и нови муфтии. Насир Реџепи е назначен за штипската муфтинија , Решат Качалнику за муфтија на Дебар, Амит Расими за Битола и Ќамил Рушити за муфтија на Кичево.

Објавувањето на изборите во ИВЗ следува шест месеци по разрешувањето на Сулејман Реџепи, а во меѓувреме со неа како реис раководи гостиварскиот муфтија, Шаќир Фетаху.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот