Иванов: Добро е што истрагата ќе се прави во Бугарија, причината за несреќата тешко ќе се лоцира

Новинарот Зоран Иванов во гостување на ТВ Канал 5 / 23 ноември 2021 / фото: Канал 5/принтскрин

Најголемите несреќи се случуваат поради човечка грешка, и во воздухопловството и железничкиот сообраќај. Ако зборуваме за лоша судбина ги има секој ден, но кога зборуваме за систем на одговорност, навистина покажавме низа слабости во изминатите години, изјави во вечерашното гостување на Канал 5 новинарот Зоран Иванов околу трагичната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Според него, добро е што во Бугарија ќе се прави истрагата.

-Се надевам дека бугарските власти совесно ќе си ја завршат работата. Мојот впечаток е дека за оваа несреќа тешко ќе се лоцира која е причината. Можеби ќе се каже кој е виновникот. Мора да се направи контрола на институциите кои одговараат за животот на луѓето, а во тој тип е и контрола на јавниот превоз, рече Иванов.

За автопатот „Струма“, низ кој лично возел, Иванов вели дека е добро регулиран и дека асфалтот е совршен.

-Можеби ќе кажат и бугарските експерти по патна инфраструктура и сообраќајните знаци дали може треба уште појасно да се означи дека возачот се приближува до тој остров. Има сигнализација, видлива е преку ден. За навечер не можам да кажам, рече Иванов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот