Момент од кошаркарскиот меч Македонија - Луксембург/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Итан Хап: Овој тим има голем талент, присуството на Јакимовски е од големо значење

Веднаш, практично од првата минута, на својот „камбек“ во националната машка сениорска кошаркарска селекција на Македонија, Итан Хап покажа дека ќе биде и тоа како големо засилување во составот кој го има на располагање новиот селектор, Жозеп Марија Берокал.

Американецот со македонски пасош, реализираше дабл-дабл од 15 поени и 14 скока на дуелот со Луксембург кој го решивме во наша корист со сигурни 79:70.

– Игравме силно, тренерот направи одлична работа со подготовките цела недела, асистентите исто така, но најважно е што ние ги исполнивме целите. Секој поен е важен, но најважно е што победивме. Луксембург е добар тим, а ние имаме нов селектор и сè уште се обидуваме да се вклопиме на неговата филозофија, а имавме само четири заеднички денови за подготовките – вели Хап.

Воедно, по натпреварот кажа дека е значајно присуството на еден од најдобрите македонски кошаркари во националниот тим Андреј Јакимовски кој беше прв стрелец во победата над Луксембург запишувајќи 17 поени, седум скока и четири асистенции.

– Имавме големи падови, а за да се победат поголеми репрезентации, мора да играме на исто ниво 40 минути. Овој тим има голем талент, Андреј Јакимовски не беше тука минатиот пат кога играв, неговото присуство е од големо значење и навистина е значаен дел од овој тим – рече Хап по третиот триумф во групата „А“ од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот