Италијанска агенција предупредува на масовни хакерски напади ширум светот

Фото: searchenginejournal.com

Неколку илјади компјутерски услуги ширум светот беа под хакерски напад познат како откуп, објави денеска италијанската Национална агенција за сајбер безбедност (AЦН), предупредувајќи ги различните организации да преземат акција за заштита на нивните системи.

Извршниот директор на AЦН Роберто Балдони изјави дека намерата била да се оштети софтверот со хакерскиот напад, додавајќи дека ударот бил голем, пренесе Ројтерс.

Италијанската новинска агенција АНСА наведува дека серверите биле компромитирани во одредени европски земји, како Франција и Финска, а напади имало и во САД и Канада.

Неколку десетици италијански организации веројатно беа погодени, а на многумина им беше наредено да преземат акција за да избегнат блокирање на нивните системи, објави Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот