ИТ-стручњак со иницијали И.Т. хакнал фирма од Скопје, ѝ направил долг од 20.000 евра

Фото: ЕПА

40-годишен жител на Богданци доби кривична пријава откако, според полицијата, хакирал компјутер на гевгелиско претставништво на фирма од Скопје, при што направил лажен долг од околу 20.000 евра, соопшти МВР.

„ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Т.(40) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем““, велат од полицијата.

„На 29.11.2022, пријавениот, користејќи програма преземена од интернет, навлегол во персонален компјутер на правно лице од Скопје – претставништво во Гевгелија и направил долг во висина од 1.249.000 денари“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот