Истражување: Романија има најмногу „супер богати“ луѓе во регионот

Романија знаме/Фото: Профимедиа

Романија е земја со најмногу „супер богати“ луѓе во регионот. Романија ја престигнува дури и Полска, која има двојно поголема популација, според студијата на „Најт Франк Глобал Велт Сизинг Модел“, цитирана од „Зиарул Финансиар“.

Според податоците, повеќе од 1.800 Романци имаат имот од по 30 милиони долари. Најмногу супербогати имаат САД (210.000), Кина (99.000) и Јапонија (31.000), а потоа следат Франција и Германија. Иако Романија е далеку од овие вредности, бројот на луѓе кои се сметаат за многу богати е двојно зголемен во последните пет години – помеѓу 2016 и 2021 година (последни податоци), пренесе БТА.

Според прогнозите, во следните пет години, т.е. до 2026 година, уште 700 Романци ќе се приклучат на Рич Клубот, објави „24Часа.бг.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот