Истражување покажува дека лицата негативни на тест за Ковид-19, се уште може да имаат некој имунитет

Луѓето кои се негативни на тестот за коронавирус сè уште може да имаат некој имунитет, покажува најново истражување направено во Шведска.

На секое лице кое е позитивно на антитела доаѓаат две кои имаат специфични Т-келии кои ги идентификуваат и уништуваат заразените клетки, пренесува Би-Би-Си.

Ова е видено дури и кај луѓе кои имале благи симптоми на Ковид-19 или воопшто немаат никакви симптоми. Сепак, сè уште не е јасно дали станува збор за заштита само за индивидуата или може да ги спречи да го пренесат вирусот на други.

Научниците од Институтот Каролинкс во Шведска тестирале 200 лица и за антитела и за Т-клетки. Некои биле крводарители, додека други биле од групата луѓе кои биле првите случаи во Шведска, претежно оние што се вратиле од области како што е северна Италија.

Ова би можело да значи дека поголема група има одредено ниво на имунитет кон Ковид-19 отколку што покажуваат податоците добиени од тестирањето на антитела.

Антителата служат за неутрализирање на вирусот веднаш штом ќе влезе во телото. Ако не успеат, тој може да влезе во ќелиите и да ги претвори во фабрики за производство на вируси.

Т-клетките, од друга страна, ги напаѓаат веќе заразените клетки и целосно ги уништуваат, спречувајќи ги да се шират во други, поздрави клетки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот