Сексуално злоупотребување илустрација/ Фото Top Channel

Истрага за силувањето на три деца во тетовско​

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 43-годишен жител на тетовско село, кој сторил три кривични дела  – Силување од член 186 став 2 во врска со став 5 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот во текот на 2019 и 2020 година, во повеќе наврати со умисла извршил други полови дејствија врз три деца кои  наполниле 14 години. Тој упатувал закани, уцени и сила кон децата, по што ги принудувал повеќе пати на полови дејствија. Се заканувал со пиштол и нож, како и со објава на компромитирачки фотографии кои ги направил, па го искористил стравот кај децата за да го врши делото.

По донесување на  Наредба за спроведување истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвиниелството  и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот