Исмаил од Левица: За разлика од ВМРО ние не буткаме граѓански туку народен концепт, вработување на лица од посиромашни семејства (ВИДЕО)

Левица е движење на млади левичари. Нашата оригинална програма е препознатлива за младите луѓе изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Реџеп Исмаил од Левица.

-Со нашата даночна политика ќе ја преструктуираме економијата во Македонија, односно економија која ќе работи за сите, базирана на развојни програми.

-Демократијата не е само граѓаните да можат да влијаат во општеството. Ние предвидуваме враќање на работничките совети за нивните идеи да се слушнат во самите претпријатија, вели Исмаил.

Околу легализацијата на канабисот, Исмаил смета дека тоа е прогресивен тренд во светот.

-Тоа е една индустриска гранка, стратешка во земјоделието.

-За разлика од ВМРО ние не буткаме граѓански, туку народен концепт. Партиски војски по институциите не ни се потребни и планираме да вработуваме луѓе кои доаѓаат од посиромашните семејства, изјави Исмаил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот