Исланд од утре ги укинува сите ограничувачки мерки против Ковид-19

epa08600708 Children wait outside the school gate while wearing protective clothing in the form of masks and face shields as part of their safety due to the Covid-19 coronavirus pandemic, in Johannesburg, South Africa, 13 August 2020. The Street Light School primary school in downtown Johannesburg has continued to operate during the pandemic with care of the students and strict preventive measures at the school including feet and hand sterilization, compulsory face masks and shields and sterilization of all surfaces in the school. The school has been build almost entirely from reusable materials. EPA-EFE/KIM LUDBROOK

По 15 месеци континуирани посилни или послаби мерки, Исланд најави дека од утре ќе ги укине сите национални мерки поврзани со пандемијата на коронавирусот.

-Мерките за одржување на дистанца, носење маски, ограничување на бројот на учесници на собири, како и ограничување на работата во кафулињата и рестораните, од утре веќе нема да бидат на сила, објави премиерката Катрин Јакобсдутир на прес-конференција.

Оваа одлука, прва во Европа, е донесена во согласност со календарот од четири фази на укинување на ограничувањата на територијата на Исланд.

Планот, објавен кон крајот на април, предвидува укинување на сите национални мерки во втората половина на јуни, доколку „дотогаш околу 75 проценти од жителите постари од 16 години примат барем една доза од вакцината”. На Исланд, 87,6 проценти од луѓето постари од 16 години или околу 295.000 од вкупното население од 365.000 жители, досега примиле барем една доза на вакцина.

Но, ограничувањата на границите се уште остануваат на сила, со задолжителен негативен тест за PCR или два тест за PCR по петдневна изолација за невакцинираните патници. Патниците со сертификат за вакцинација или прележан вирус, кои досега мораа да се тестираат по пристигнувањето, по 1 јули веќе нема да мора да го прават тоа. 

Видео на денот