„Исламска држава” ја презеде одговорноста за ракетниот напад во Кабул

Исламска држава / Фото: Профимедиа

Џихадистичката група „Исламска држава” ја презеде одговорноста за ракетниот напад во густо населените зони на авганистанскиот главен град Кабул, при што загинаа најмалку осум лица.

Ракетниот напад беше насочен кон различни делови на централен и северен Кабул – вклучително и во и околу силно утврдената Зелена зона, во која се сместени амбасади и меѓународни компании.

Нападот се случи неколку часа пред американскиот државен секретар Мајк Помпео да се сретне со преговарачите од авганистанската влада и талибанците во катарската престолнина Доха, во моменти кои има знаци на напредок во нивните мировни разговори.

И покрај тврдењето на ИД, портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан ги обвини талибанците, велејќи дека „терористите” истрелале вкупно 23 ракети.

ВИДЕО: Mинофрлачки напад во Кабул, најмалку 8 загинати и 31 ранет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот