ВИДЕО: Mинофрлачки напад во Кабул, најмалку 8 загинати и 31 ранет

 Најмалку осум лица загинаа, а 31 се ранети во утринскиот минофрлачки напад врз станбени населби во авганистанскиот главен град Кабул.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Тарик Аријан изјави дека вкупно 23 минофрлачки гранати биле испукани кон Кабул од две возила и дека никој не презел одговорност за смртоносното гранатирање на авганистанскиот главен град.

Набргу по нападот, талибанците издадоа соопштение во кое негираат каква било одговорност за утринскиот напад.

На тоа подрачје дејствува и група поврзана со Исламската држава, која во последно време ја презема одговорноста за смртоносните напади во Кабул, вклучително и двата напада врз високообразовни институции во кои настрадаа над 50 лица, претежно студенти.

Непосредно пред минофрлачкиот напад, експлодира автомобил-бомба, при што загина припадник на безбедносните служби, а ранети се уште тројца. 

Ракетен напад на Кабул, загинаа најмалку пет лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот