Искрена исповед на Ѓоковиќ: Бомбардираа невини луѓе и јас сакав одмазда

Во интервјуто кое Новак Ѓоковиќ му го даде на познатиот британски новинар Џеј Шети, до детали опишуваше низ каков пеколен период минувал додека траеше бомбардирањето на земјата.
– Мојата земја од 1991, 1992 па сè до 2000 година беше под ембарго. Се боревме за леб и млеко и останати најнеопходи работи за преживување. Потоа во 1999 година, Србија беше бомбардирана два и пол месеци без престан, секоја ноќ и секој ден. Моето семејство и јас два и пол месеци се будевме во текот на ноќта поради сирените и авионите кои прелетуваа над нашите глави. Беше поразително и застрашувачки. Тоа беше најлошата работа што сум ја видел во животот – се потсетува Ѓоковиќ на најстрашните моменти од животот.

Потоа Ѓоковиќ ги објасни сите стравови од војната во 1999 година, како убивањето цивили, уривањето згради, фабрики и објекти…
„Беше ужасно да се видат авионите кои над вашата глава бомбардираат болници и сè останато. Многу невини луѓе умреа, а благодарен сум штo не изгубив некој близок иако знам многу луѓе кои останаа без своите најблиски и тоа се лузни кои ќе ги носат до крајот на животот. Сеќавањата ќе останат со мене до крајот“.

Најтешко му паднаle убиствата на невини луѓе, посебно на децата.
„На почетокот го почувствував тоа што го чувствуваше мнозинството од нашиот народ – сакав одмазда. Кои се тие да бомбардираат невини луѓе? Што се случува? Имав 12 години и се сеќавам дека на денот на мојот роденден се криев во засолништата и рековме дека за една, две недели ќе се вратиме на нормален живот. Ни кажаа дека нема да нè интересира што ќе се случи, бидејќи ако нè погодат, што можеме ние да направиме“ вели Ѓоковиќ.

И покрај сите страдања што ги доживеа неговиот народ, никој не помислува на одмазда.
„Не можеме да ѝ судиме на цела нација поради одлуки на поединци, групи, институции или кој и да одлучил да го спроведе бомбардирањето и да убива невини луѓе. Не можеме да им судиме на луѓето поради тоа. Вие сакате да им простите на одговорните, но едноставно не може таков хорор да се заборави. Во целата несреќа која ни се случи, бомбардирањето ме натера да бидам благодарен во животот“ порача Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот