Ишингер: Постои опасност од нова голема војна - Слободен печат

Ишингер: Постои опасност од нова голема војна

Шефот на Минхенската безбедносна конференција Волфганг Ишингер предупреди на опасност од нова голема војна. Тој во емисијата „Велтшпигел” на германскиот јавен сервис АРД истакна дека тој што сака да ја заштити климата мора да се погрижи да нема нови војни.

Ишингер додаде дека актуелната ситуација е многу опасна бидејќи владее целосен недостиг на доверба и нема контрола на вооружувањето.

– Советот за безбедност на Обединети нации често е блокиран, а и другите институции не функционираат доволно добро, бидејќи секаде во светот некој мисли дека може сопствените цели да ги реализира самостојно. Овој проблем го погодува и НАТО. Всушност загрозена иднината на Западот, посочи Ишингер при што прашувајќи дали „Се уште постои Западот”?

Тој оцени дека на утрешниот Самит на НАТО ќе има само симболички акт по повод прославата за 70 години постоење на Алијансата.

– Нема да има никакви големи одлуки, но многу експерти ќе укажат на актуелната состојба на воениот сојуз, посочи Ишингер.

Тој потенцира дека мора да се постави прашањето дали со текот на времето се менуваат целите и методите.

– Така НАТО не е подготвен за судир со Кина односно и ден денешен е фокусиран на Русија. Меѓутоа, драстично е сменет погледот на Кина. Пред неколку години во Германија на Кина се гледаше како на одличен пазар за извоз, денес стана глобално-политички играч, посочи Ишингер.

Прочитај повеќе

Атиџе со порака до читателите на „Слободен печат“: Кога е природен, медот е лековит (ВИДЕО)

Слободен печат

Ја бојкотираат ли националните телевизии Владата? Одговорните ниту потврдуваат, ниту демантираат

Слободен печат

Масовни протести против американските трупи во Багдад

Слободен печат

Пожар во скопската гимназија „Браќа Миладиновци”, сè уште интервенираат скопските пожарникари

Слободен печат

Анархисти презедоа одговорност за запалените возила и банкомати во Грција

Слободен печат

Заев: Правната држава мора да функционира за да можеме да обезбедиме фер судски процеси

Слободен печат

Остави Коментар

two × 4 =

Прочитај повеќе

Во Кина вчера започна изградба болница која треба да е готова за десетина дена

Слободен печат

УСЈЕ: Ги спроведуваме законите и работиме согласно највисоките стандарди

Слободен печат

Пицула: Ситуацијата со Законот за религија во Црна Гора мора да се реши со договор

Слободен печат

Словачки министер поднесе оставка откако пијан демолирал ресторан

Слободен печат

„Седма сила“: Македонија исправена пред предизвикот да започне циклус на фер и демократски избори

Слободен печат

Полицијата и наркокартелите регрутираат деца во Мексико

Слободен печат