Исчистени десетици километри одводни канали во општина Илинден

Фото: Општина Илинден

Околу 22 километри отворени одводни канали се исчистени од почетокот на годината лоцирани на територијата на општина Илинден во соработка со Водостопанство „Скопско Поле“, додека во соработка со ЈКП „Илинден“, општествено одговорни компании и граѓаните досега исчистиле околу 34 километри каналска мрежа.

Од Општина Илинден информираат дека во изминатиот период се извршило машинско чистење на А-канал во Илинден со вкупна должина од 3800 метри, машинско чистење на Сисавец 1 и Сисавец 2 на Главен канал кои се наоѓаат во локално-економската зона во Марино во вкупна должина од 1300 метри.

Од страна на општина Илинден со општествено одговорни компании и ЈКП „Илинден“ е извршено отварање на нови канали и одведување на атмосферските води, а со тоа и решавање на неколку критични точки. Направен е ископ на нови канали во населено место Бунарџик во должина од 400 метри, ископ на нов канал – крак на улица 9 со улица 21 и улица 23 – нивелирање на каналот и поставување цевки во должина од 30 метри, ископ на нов канал на улица 1 во населено место Мралино и одведување на атмосферските води во канал Азмак со поставување цевки во должина од 6 метри, ископ на нов канал кој ги поврзува улица 10 и улица 7 во населено место Кадино и одведување на водите во Шамак – соопштија од Илинден.

Оттаму додаваат дека со редовното одржување на каналската мрежа се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот