Исчезнува надежта за евакуација на цивилите од Северодоњецк

Северодоњецк
Северодоњецк, Украина / Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Со паѓање на последниот мост надвор од зафатениот град Северодоњецк, во регионот Луганск, надежта за цивилите и војниците заробени таму исчезнува.

Но, градоначалникот на градот вели дека иако ситуацијата е „многу тешка“, има комуникација со градот, пренесува Ројтерс.

Украина соопшти дека повеќе од 500 цивили се заробени во хемиска фабрика во индустриска зона каде што нејзините сили се спротивставија на неколкунеделниот руски напад.

Сè уште се вршат евакуации „секоја минута кога има затишје и има можност за транспорт“, рече градоначалникот Олександр Стрјук.

„Но, ова се дискретни евакуации, кои се прават една по една и се искористува секоја можна шанса“.

Новинската агенција, исто така, го цитира Демиен Мегру, портпарол на единицата на странски доброволци кои помагаат во одбраната на градот, кој вели дека постои ризик да се остави „голем џеб од украинските бранители отсечен од останатите украински војници“ – како во Мариупол кој падна во мај по неколкумесечна руска опсада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот