Исчезната жена на Флорида пронајдена во бродски контејнер

Флорида пукање/ Фото: CHANDAN KHANNA / AFP / Profimedia

Жена од Флорида, која била пријавена за исчезната од загрижен колега, ja пронашле жива во бродски контејнер откако некој ја слушнал како удира по заклучена врата, соопштува полицијата.

Марлен Лопез (52) била пронајдена во четвртокот попладне заробена во контејнер, се вели во соопштението на Полициската управа на Какао на Фејсбук.

Последен пат била видена во нејзиниот дом, а била пријавена за исчезната во средата, откако загрижен колега повикала полиција и изјавила дека не успеала да го земе нејзиниот син.

Во текот на истрагата детективите биле известени дека жената е пронајдена.

Удирала по вратата од контејнерот кога некој ја слушнал и ја отклучил вратата.

Сопственикот на бродскиот контејнер, првпат ја видел Лопез како шета низ областа во понеделникот. Тој го заклучил контејнерот, кој се користел за складирање на косилки, во вторникот попладне, а не слушнал никаков шум во средата, пренесуваат светските новински агенции.

Тој вели дека Лопез сама влегла во единицата и се онесвестила.  Во полициската станица изјавил дека не е негова вина што таа  се заглавила во контејнерот. Полицијата соопштила дека се уште истражува како Лопез завршила во контејнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот