ИРОНИЈА: Депонија спроти детски парк во Лисиче (ВИДЕО)

Дивите депонии не се ништо ново во нашето опкружување, но од досегашното искуство навикнати сме нив да ги гледаме надвор од населените места. Спротивно на тоа, денеска екипата на Слободен печат, по пријава на граѓани затекна депонија во сред населено место. Од едната страна куќи, од другата страна купишта отпад. Таква е сликата од населеното место Горно Лисиче, попознато како Бановина. Дел од оваа локација беше претворен во парк уште во 2016 година, за време на мандатот на градоначалникот Ивица Коневски. Но, останатиот дел се уште претставува грда слика за општината.

Најголеми виновници за создавањето на депонијата како што ни раскажа нашата соговорничка, се самите жители, кои наместо во контејнери, отпадот од домаќинствата, градежниот шут и расипаните електрични уреди ги фрлаат таму.

Ваквиот став го делат и останатите жители на Горно Лисиче. Најмногу стравуваат за децата кои слободното време го поминуваат во детскиот парк, во непосредна близина на депонијата, која е извор на зарази.

Одговорност за ваквата грда слика побаравме и од општина Аеродром, од каде што ни одговорија дека станува збор за приватно земјиште, поради што општината се оградува од секаква одговорност за неисчистениот отпад.

Ако е така, останува нејасно зошто сопственикот на земјиштето не го заградил приватниот имот, или барем, зошто не поставил табла „Забрането фрлање отпад“.

Снимател: Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот