Иран: Полиција пукаше и фрли солзавец кон демонстрантите, има и ранети

Иран протест/ Фото EPA-EFE/STR

Иранските безбедносни сили пукаа и фрлаа солзавец врз демонстрантите во северозападниот град Мариван во провинцијата Курдистан, изјавија очевидци.

Демонстрантите излегоа на улиците поради смртта на курдски студент во тој град во саботата.

Според организацијата за човекови права Хенгав која од Норвешка, го следи третманот на курдското население во Иран, десетици демонстранти се ранети, а се стравува дека може да има и мртви. Нема независна потврда за овие извештаи.

Според Хенгав, студентката била убиена откако се приклучила на протестите. Иранските државни медиуми ги отфрлија информациите, велејќи дека безбедносните сили излегоа на улиците откако неколку млади луѓе беа убиени во протестите.

Протестите во Мариван дојдоа откако државните медиуми објавија дека четворица полицајци се убиени во југоисточната провинција Систан и Белучистан.

Во последниве недели, имаше жестоки судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили во покраината, која граничи со Пакистан и Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот