Ирак постепено ги намалува американските воени сили во земјата

Најновите американски воздушни напади се лудило, поради што невозможно е да се молчи повеќе, изјави воениот портпарол Абдул Карим Халаф.

Ирак нема да побара од сите американски воени лица веднаш да ја напуштат земјата. За таа цел, изготвен е план што ќе ги посочи конкретните чекори за бавно преместување на американските трупи од Ирак, изјави воениот портпарол Абдул Карим Халаф.

– Ирачката влада се подготвува за почетокот на повлекувањето на американските трупи од земјата. Активностите на меѓународната коалиција во Ирак ќе бидат ограничени на консултации, вооружување на ирачките сили и обука на воен персонал, додека странските трупи ќе се повлечат. Најновите американски воздушни напади се лудило, поради што невозможно е да се молчи повеќе, рече Халаф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот