Ирачката војска со свеченост ги испрати американските колеги од базата „Ал-Каим“

Фото: МИА

Ирачката војска со пригодна свеченост ја презеде воената база „Ал-Каим“ од американските и коалициските сили во оваа земја, што се наоѓа во близина на ирачко-иранската граница, во западната провинција Анбар.

Наскоро се очекува американската војска да напушти уште две други бази во земјата, јави агенцијата Анадолија.

Како што наведува агенцијата, станува збор за воена база на старата железничка станица што им беше дом на силите на меѓународната коалиција кои во борбата против ИД ги предводи војската на САД.

Оттаму се наведува дека токму овој регион во Ирак во 2014 година прв падна во рацете на џехадистите од ИД, а беше меѓу последните ослободени региони на крајот на 2017 година.

Во следните денови се очкеува повлекувањето на американските и коалициските сили од базите во Мосул и Киркук. Војниците кои излегоа од базата „Ал-Каим”, наводно, заминале за Сирија.

Со повлекувањето од три од вкупно осумтте бази САД значително го редуцираа своето воено присуство во Ирак. Тоа се случува во екот на тензиите во американските односи со Ирак и Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот