Интервју со Саша Богдановиќ: Не дојдовме на празна ливада да си ги кажуваме желбите

Деновиве, на вонредна седница, Советот на Општина Центар го усвои Заклучокот, со кој се одлучи по пат на јавен конкурс да се уреди локацијата кај поранешна „Треска”. Што значи тоа во практика, за тоа како јавниот конкурс ќе се усогласува со постојниот ГУП и ДУП, за заложбите да се работи во интерес на граѓаните, за „Слободен печат“ зборува првиот човек на Центар, Саша Богдановиќ. Тој одговара и на обвинувањето дека конкурсот е само легален параван зад кој се кријат бизнис-интереси.

Прифативте граѓанска иницијатива просторот кај „Треска“ да се уредува на јавен конкурс. Како ќе оди на јавен конкурс простор што е вцртан во ГУП, во ДУП. Колку граѓаните можат да интервенираат во тој простор?

– Ние како Општина Центар, со поддршка на советниците од СДСМ и коалицијата, ја прифативме граѓанската иницијатива, но бидејќи од старт имаше забелешки на начинот на кој е поднесена, ја прифативме како идеја, а ја преточивме во иницијатива што ја поднесе градоначалникот за да ги избегнеме сите оние правни лавиринти и бирократски процеси за да го постигнеме крајниот ефект, а тоа е да има конкурс за тој дел. Идејата на Асоцијацијата на архитекти, на Комората на градежни архитекти, на дел од граѓански здруженија, па еве и наша, е неколку такви слободни простори што сè уште не се урбанизирани, да бидат предмет на конкурс, каде што секој архитект или група на архитекти ќе можат да дадат одредено решение како би требало да изгледа тој простор, со тоа што би ги задоволило параметрите на Генералниот план, позитивните законски прописи,  но и потребите на Општината. Таму во претходен план од 2012 година, според ГУП има вцртано нула проценти зеленило. Сè се згради, кои јас ги викам наполитанки, коишто се само бетон и ништо повеќе. Овој концепт што сега го размислуваме и кој очекуваме да произлезе во едно дефинитивно конкурсно решение, ќе даде нов облик на планирање, односно ќе даде можност да се задоволат потребите и параметрите што ќе произлезат од ГУП, но и да се вградат некои принципи со кои ние се бориме. Јас како пример ќе го наведам  планот за Пролет каде што  ги зголемивме зелените површини што претходно ги немаше, направивме простор за катна гаража, односно монтажен паркинг за паркирање и фактички придонесовме не во интерес на некој друг, туку за тоа што им треба на граѓаните – да имаат повеќе слободен простор и повеќе простор за паркирање. Вцртавме и за првпат да има градинка. Пролет е населба стара повеќе од педесет години и никој досега не се сетил да вцрта градинка. Истото ќе се случува и кај „Треска“ и кај сите други планови што ги носи Општина Центар.

Прочитајте и...  Пет лица починаа, 29 нови случаи позитивни на Ковид-19 во земјава

Каков е распоредот на сопственоста на просторот кај „Треска“?

– Најголем дел е приватен, добиен по пат на денационализација, односно со судска пресуда. Има и помали сопственици што потоа се укрупнуваат, се договараат. Тоа што го имаат сега, како предвиден план што сè уште е на сила  иако е ставен под ревизија, но тој план е активен, се огромни згради што ќе го затворат целиот тој простор. Ние велиме нема да биде така. Ќе го смениме начинот на кој ќе изгледа тој простор и ние ќе ги диктираме условите за тоа што ќе се прави таму.

Бидејќи поголемиот дел е приватно земјиште, а сега таму се вцртани згради по важечкиот ДУП, како ќе интервенирате? Нели се работи за стекнато право на сопствениците, како ќе ги обесштетите?

– Тоа стекнато право многу луѓе различно го толкуваат. Стекнато право не значи формата и обликот, стекнато право се земјиштето што го поседуваат и бруто површините што ги имаат добиено. Но, тие бруто-површини може да ги добиете и во висина, може да ги добиете и во ширина. Тоа не значи како што е вцртано така мора да биде, не. Тие бруто-површини се стекнато право, не формата.

Сакате да кажете може да се оди во височина за да се добие простор за зеленило?

– Тоа ќе си го кажат архитектите за да ги задоволат параметрите. Ако ние, на пример, форсираме дека 20 отсто зеленило треба да има на градежна парцела, мора да има. Е, сега, архитектот ќе треба според знаењето, според условите, да се искаже на тој простор.

Прочитајте и...  Вухан излезе од карантин: Како изгледа првото жариште на коронавирусот после два месеци изолација (ВИДЕО)

Кога ќе биде распишан конкурсот?

– Ние сега почнуваме со првите состаноци. Заклучокот беше  потпишан во четвртокот за да може формално правно да постапуваме и сега ќе постапуваме по тој заклучок, ќе формираме комисија, ќе ги собереме влезните параметри и слично.

Претседателката на Советот, Јана Белчева, на Фејсбук објави дека не се согласува со Вашиот став дека Вие како градоначалник имате дискреционо право да одлучувате за комисијата, да дефинирате барања, финансирање и слично. Зошто е тоа несогласување?

-Јас искрено не знам која е целта и намерата на претседателката на Советот. Ако вие поднесувате или застанувате зад граѓанска иницијатива и сте прва од еднаквите што треба да ги почитува правилата на игра, односно статут, деловник, треба да знаете дали е таа законска или незаконска. Неколкупати објаснувавме дека во ред се потписите како идеја, но не се собираат на тој начин. Рековме, дај да најдеме правна форма за да ја постигнеме целта, но да не заглавиме во правни лавиринти. Бидејќи, иницијативата што беше поднесена беше поднесена по закон за референдум, а тоа значи отварање канцеларија за собирање потписи од општинска изборна комисија, на посебен образец и можат да ја собираат само граѓани што живеат во Општина Центар. На иницијативата што е предложена преку Даница Павловска Циги, беа собрани потписи на луѓе од секаде. И ако ја прифатевме така незаконски иницијативата, ќе не воведеше во правни лавиринти и никогаш немаше да ја постигнеме целта. Затоа реков, нема кој друг освен градоначалникот да предлага точки на дневен ред и само јас можам да формирам комисии, затоа што мои се тие ингеренции, тоа е пропишано со закон. И комисијата што работи на ревизиите исто ја потпишува градоначалникот. На крајот, главната работа не беше каква ќе биде иницијативата и кој ја поднел, туку каква ќе биде комисијата, какви ќе бидат параметрите. Јас ветив дека тоа ќе биде крајно транспарентно исто како што сум ветил и го остварувам за деталните урбанистички планови. Ние донесовме пет ДУП-а со аплауз. И ние гледате какви дискусии имаме со кои спроведуваме одредени политики што никогаш не биле тема на разговор порано во општината. Зборувам за решавање на зеленило, за решавање на паркинг-места. Има и луѓе што не го прифаќаат тоа и се контра нашите идеи и ние ги буткаме, макар и да изгубиме политичка цена. Ама ќе донесеме планови што доликува да ги има Општина Центар.

Прочитајте и...  Грците пазарат од дома, двојно зголемено купувањето преку интернет

Претседателката на Советот се сомнева дека конкурсот е параван за да се покријат нечии бизнис-интереси. Вашиот коментар?

– Ако јас како градоначалник и Општина Центар сме работеле во интерес на инвеститорите, по пресудата на Уставниот суд да се укине првиот мораториум, ние ќе креневме раце и ќе кажевме нека работат по старите планови, тоа е. Уставен суд по сила на закон не се коментира, само се спроведува. Ние ја изменивме одлуката и донесовме нова одлука за мораториум. Ако работиме во интерес на инвеститорите, нема да добиваме секој ден барања и закани за тужби. Многу е тежок овој процес, многу е лесно да ја напуштите битката ако не ви се допаѓа или ако не сте спремни да се борите. Тогаш напуштете и одете и не разговарајте. Ако сте спремни да се борите, останете и видете со какви сè предизвици се соочуваме. Убаво е сите ние да ги кажеме нашите желби и поплаки, ама јас не дојдов како градоначалник, ниту претседателката, ниту советниците на ливада каде што нема ништо и ајде сега ќе си ги кажуваме желбите. Ние доаѓаме на нешто претходно затечено и пробуваме да го направиме што е можно подобро.

Прочитај повеќе

Борисов најави донација на скафандери за браќата во Македонија (ВИДЕО)

Бајден за Трамп: Заради неговите погрешни потези сега страдаат многу Американци

Слободен печат

Генијално или застрашувачки? Електронска нараквица која ќе го следи секој чекор на лицата во карантин

Слободен печат.

Реакција од СОНК за начинот на кој е донесена уредбата за укинување на надоместоците на плата

Слободен печат

Годинава март потопол од вообичаено, со натрпосечни количества дожд

Слободен печат

ЕУРО-ФАРМ потпиша договор за набавка на 50 медицински кревети за Инфективната клиника

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Евакуиран старечки дом во Сплит, 10 лица биле заразени со коронавирус

Слободен печат

Стариот одмор ќе се користи до крај на мај, а дел од новиот до крај на јуни

Весна Дамчевска

Ветеринарите препорачуваат домашните мачки да не се пуштаат надвор

Слободен печат

Аселборн: Ако падне Шенген, тогаш паѓа и ЕУ

Слободен печат

Велика Британија не е ни близу до укинување на карантинот

Слободен печат

Само девет милијардери во светот успеаја да го сочуваат своето богатство, сите се од иста држава

Дејан Андоновиќ