Интервју со Мерилин Монро од 1952 година: Открила што јаде за појадок и вечера, а сексапилната фигура ја одржувала на интересен начин

Мерилин Монро/Фото: Инстаграм

Поминаа 60 години откако една од најславните личности на сите времиња, Мерилин Монро, почина на 36-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес.


Холивудската икона остави толку големо влијание врз светот што и понатаму се зборува за нејзината убавина, начинот на облекување, негување… Се смета дека во животот надвор од филмското платно била несфатена и комплексна жена, а често не се вклопувала во ликовите кои ги играла . Во текот на краткиот живот Мерилин снимила бројни филмови кои продолжиле да живеат и по неа.

Била позната по неверојатната убавина и красела бројни насловни страници. Многумина и денес се прашуваат како ја одржувала својата фигура на песочен часовник.

Фото: Профимедиа

Останало забележано нејзиното интервју што го дала за „Пејџнет“, каде разговарала за навиките во исхраната, а кој повторно го „оживеа“ британскиот „Вог“. Таа рекла дека пред утринското туширање си подготвува појадок којшто многумина ги изненадил.

„Секоја ноќ кршам две сирови јајца во млеко, ги матам со вилушка и ги пијам додека се облекувам – рекла изјавила тогаш Мерилин, а еве кој бил нејзиниот избор за вечера.

– Секоја вечер одам до пазарот во близина на својот хотел и земам бифтек, јагнешки котлети или џигер, кои ги печам во електрична рерна во свoјата соба. Вообичаено јадам четири или пет свежи моркови. Никогаш не ми здодеуваат свежите моркови – истакнала Мерилин.

Фото: Профимедиа

Кога е во прашање физичката активност Мерилин Монро на тоа му пристапувала на практичен начин за да остане во форма и имала своја едноставна рутина:

– Никогаш не сум се преоптоварувала со вежби. Сега поминувам најмалку 10 минути секое утро вежбајќи со мали тегови. Развив сопствени вежби за мускули кои сакам да ги одржам цврсти. Тоа е едноставната рутина за зацврстување на градите која се состои од кревање тегови од положба раширени раце до точка директно над мојата глава. Направете го тоа 15 пати, полека. Ја повторувам вежбата 15 пати од положбата со рацете над глава. Потоа, со рацете под агол од 45 степени во однос на подот, ги поместувам теговите во круг додека не се изморам. Не би можела да поднесам вежба ако морам да се чувствувам повредено поради тоа – раскажала тогаш Мерилин за „Пејџнет“.

Пред 58 години Мерилин Монро беше пронајдена мртва: Живот и смрт покриени со велот на мистеријата

Дали Мерилин Монро била убиена од ЦИА зашто „знаела премногу“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот