Интервју Благој Бочварски: Текстилниот кластер во Штип се става под контрола (ВИДЕО)

Благој Бочварски Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Додека состојбата со Ковид-19 во текстилните кластери се става под контрола, во Штип се стравува од појава на нов кластер откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како се транспортираат наемни работници за берба на вишни без заштитна маска и без одржување на потребната дистанца.

Сепак, досега вирусот во Штип е присутен најмногу помеѓу текстилците, но и во неколку државни институции, а како што вели градоначалникот Благој Бочварски, општината ги презема сите мерки за да се спречи ширењето на Ковид-19, најпрво во текстилните конфекции, а потоа и во сите други потенцијални жаришта.

Во врска со тоа дали затворањето на конфекциите може да биде решение за целосно ставање на овој кластер под контрола, Бочварски вели дека тој нема такви ингеренции и дека треба да се бараат други механизми за справување со вирусот.

Превозот на вработените, објаснува штипскиот градоначалник, е сложен систем кој го уредуваат самите конфекции, а инспекции го регулираат сето тоа.

Според него, покрај во текстилните индустрии, во градот постојат повеќе гранки каде вирусот потенцијално би можел да се прошири, па поради тоа вели дека токму тој ќе биде првиот кој лично ќе направи сè за секој кој не ги почитува мерките веднаш да биде казнет.

Во продолжение погледнете го целиот разговор со градоначалникот на Штип:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот