Интересни трикови – За што се можете да ја употребите пената за бричење?

Освен за козметички цели, пената за бричење можете да ја искористите и за чистење на некои предмети, а со неа можете дури и да решите некој домаќински проблем.

1. Отстранете ги дамките од тепихот. Нема потреба да купувате скапо средство за чистење на дамките од тепихот. Едноставно прснете малку пена за бричење врз извалканото место и со стара четкичка за заби протријте ја во тепихот. Оставете пената да постои малку врз дамката, а потоа исчистете со влажна крпа. Трикот важи и за дамките на вашата облека – тркнете до бањата и протријте врз нив малку пена за бричење.

2. Запрете го чкрипењето на вратите. Доколку шарките на некоја врата од вашиот дом чкрипат, едноставно сипете малку пена за бричење на нив и протријте ја низ отворите, со четка за заби која никој не ја употребува.

3. Исчистете го вашиот накит. Доколку вашиот накит почна да потемнува, грабнете ги четката за заби и пената за бричење и тријте ја површината. Оваа постапка ќе го врати сјајот на вашиот накит.

4. Спречете го замаглувањето на огледалата во купатилото. Исчистете ги огледалата со пена за бричење и тие нема да се замаглуваат во текот на наредните неколку недели кога ќе се капете. Истиот трик функционира и на вратичките од туш-кабината. Нанесете малку пена за бричење на крпа и убаво пребришете ги огледалата, за да не останат дамки.

5. Исчистете си ги валканите раце. Доколку не можете да ги исчистите вашите раце од боја, маснотија или некое масло со обичен сапун, тогаш исперете ги со пена за бричење. Нанесете пена на рацете, тријте неколку минути, а потоа измијте ги со топла вода.

6. Исчистете ги четките и чешелите. Со пастата за бричење можете одлично да ги исчистите вашите четки и чешели за коса од насобраната прашина и нечистотија. Најпрвин убаво отстранете ги влакната од косата, а потоа нанесете пена на четките и размачкајте ја убаво по целата површина. Оставете ја пената да стои неколку минути, а потоа измијте ги четките со топла вода.

7. Вратете им го сјајот на чешмите. Нема потреба да купувате абразивни средства за чистење на славината на чешмите во вашиот дом. Едноставно употребете ја пената за бричење. Сипете малку на сунѓер и со него протријте ги чешмите. Потоа исчистете ја пената со влажна крпа и чешмите ќе заблескаат како да се нови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот