Интер после три години го „урна“ Сасуоло! (ВИДЕО)
Во рамките од осмото коло во најсилното италијанско фудбалско првенство екипата на Интер со резултат 3:4 триумфираше над Сасуоло. Последен пат Интер славеше во меѓусебните дуели од Серија А против Сасуоло на 18 декември 2016 година. Оттогаш па до овој меч Сасуоло четирипати славел, а годинава ремизираа.
Гостите од Милано на денешниот дуел поведоа уште во втората минута со прекрасниот погодок на аргентинскиот интернационалец Мартинез. Домаќините успеаја да израмнат во 16 минута преку Берарди убаво си изгради простор за шут и прецизно стрелаше во мрежата на Консигли.
Во 38 минута де Врај убаво го пронајде Лукаку кој добро се снајде во казнетиот простор ка Сасуоло се погрижи за 1:2.
Белгиецот непосредно пред паузата го запиша и вториот погодок на мечот од пенал кој претходно го изнуди Мартинез кој беше фаулиран за сигурна позитива по првото полувреме.
И Мартинез успеа од белата точка по вторпат да се запише во листата на стрелците во 71 минута за уште поголема предност на „Мапеј“ стадионот во Реџо Емилија. До крајот на натпреварот играчите на Де Зерби само го ублажија својот третиот пораз во низа преку Ѓуричиќ и Бога.
Ова е седми триумф за Интер кој моментно е на втората позиција на табелата со 21 бод, еден помалку зад лидерот Јувентус.