Интер му верува на Инѕаги: Потпишува нов договор, сега под различни услови

Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги/фото: EPA-EFE/Juan Herrero

Се очекува тренерот на Интер, Симоне Инѕаги да го продолжи договорот, а раководството на фудбалскиот клуб од Милано ќе му понуди двегодишен договор пред крајот на оваа сезона.

Како што објави денеска „Гаѕета дело спорт“, раководството на Интер ќе има поинаква стратегија, бидејќи сака да го задржи Инѕаги, чиј договор истекува во јуни 2025 година.

Инѕаги два пати го продолжи договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, а во двата наврати клубот му понуди едногодишен договор. Овојпат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.

Во однос на претходните години, разликата е што ќе му биде понуден нов договор пред крајот на сезоната, а не на крајот на сезоната.

Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот