Интегралните житарки се добри за регулирање на крвниот притисок

unsplash

Со воведување на поголеми количини на интегрални житарки во исхраната, може да се спречи појава на хипертензија кај луѓето, се вели во едно од истражувањата на експертите од одделот за јавно здравје на Хардвард во Бостон.

Појавата на хипертензија попозната меѓу луѓето како висок крвен притисок или артериска хипертензија е хорнична здравствена состојба која се одликува со покачен крвен притисок во артериите.

Процесот на обработка е различен кај обичните или неинтегрални житарки и интегралните. Односно, кај голем дел од житарките се отстранува надворешната лушпа на зрното, додека кај интегралните се задржуваат надворешните слоеви на зрното и микробите, што ги прави побогати со многу хранливи материи.

unsplash

Бостонските научници спровеле истражување на 51.529 медицински работници кои во 1986 година, кога започнало истражувањето, биле на возраст од 40 до 75 години. За време на осумнаесетгодишна анализа, 9.227 испитаници развиле хипертензија.

unsplash

Експертите од Бостон откриле дека една петтина од испитаниците кои пријавиле најголема дневна консумација на интегрални житарки, околу 52 грама, имале 19% помал ризик од развој на висок крвен притисок, отколку другата една петтина од испитаниците кои јаделе помалку интегрални зрна, околу 3 грама на ден.

Врската помеѓу поголемата консумација на интегрални житарки и намалениот ризик од хипертензија била успешна и кога биле консумирани во комбинација со овошје и зеленчук, со регуларна употреба на витамини и физичка активност.unsplash

Поволното дејство на интегралните житарки врз одржувањето на нормалниот крвен притисок е последица на фактот дека луѓето кои почесто консумираат интегрални житарки секако имаат поголеми здравствени придобивки, а воедно може да бидат помалку склони на проблеми со покачување на телесната тежина со текот на годините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот