Инспириран од земјотресот во Скопје во 1963, Пикасо го насликал плакатот за „Битката на Неретва“

Instagram

Битката на Неретва“ е еден од најамбициозните филмови на поранешна Југославија. Најголемите sвезди на светот во тоа време, Јул Бринер, Франко Неро и големиот Орсон Велс им се придружија на актерските легенди во регионот, а постерот за филмот е творештво на Пабло Пикасо.

Филмот „Битката на Неретва“ се смета за најдобар и најскап филм кој е снимен во Југославија. Постигна голем меѓународен успех, освои бројни награди и беше номиниран за Оскар.

На светски познатиот сликар шпански сликар Пабло Пикасо му било понудено да го изработи постерот за филмот.

Пабло Пикасо / Фото: Profimedia

Во тоа време сликарот го проследил документарниот филм „Скопје ’63“ од Вељко Булајиќ, посветен на катастрофалниот земјотрес во нашата престолнина. Документарниот филм ја доби наградата „Златна Нимфа“ од критичарите во 1964 година во Монте Карло.

Претседателот на жирито бил француски учител, Марсел Ашард, кој бил сместен заедно со Пабло Пикасо и му покажал копија од филмот на Вељко во студиото. Пикасо дошол на завршната церемонија и му честитал на Вељко Булајиќ за документарниот филм за земјотресот во Скопје.

Наскоро Булајиќ му понудил на агентот на Пикасо да го праша дали би сакал да направи постер за филмот „Битката на Неретва“. Откако завшило снимањето и го изгледал филмот, проучувајќи ги настаните, Пикасо потврдил дека ќе го направи плакатот за „Битката на Неретва“ но и дека ќе го искористи неговото легендарно уметничко дело „Сабине“ во црвена боја за истиот.

The Rape of Sabine Women – Pablo Picasso (1962)

Кога Пикасо го прифатил предлогот филмската екипа се нашла во паника бидејќи морале да смислат како да му платат на Пикасо.

Познатиот уметник не барал никаков хонорар, единствено што побарал биле 12 одбрани шишиња вино од тогашна Југославија. Се вели дека причината за ваквата скромност е всушност неговата фасцинација за филмовите од тогашна Југославија, Пикасо бил голем фан на творештвото од регионот.

Инаку, плакатот за „Битката на Неретва“ е еден од единствените два филмски плакати зад кои стои потписот на Пабло Пикасо.

Постерот на Пабло Пикасо за југославенскиот филм „Битката на Неретва“ (1969)

На премиерата на филмот што се одржала на 29 ноември 1969 година, на отворањето на Центарот за култура и спорт „Скендерија“ во Сараево, покрај Јосип Броз Тито и филмската екипа наводно присуствувале Софија Лорен и Омар Шариф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот