Импресиите од прославата на Врањеш не стивнуваат: За Цеца најскапиот апартман! (ФОТО)

Instagram

Импресиите од прославата на 30-от роденден на Огнен Врањеш не стивнуваат.

Kurir.rs

Во еден од најелитните ресторани на Глифада Врањеш сакал сè да биде на ниво и не ги жалел парите, пишува Курир.рс.

На роденденот присуствувала и неговата бивша жена која цело време била покрај нивната ќерка, а носела зелена перика. На друштвените мрежи се коментираше дека многу потсетува на Карлеуша, поради која се разведе со Огнен. Фановите и коментираа дека е убава, ама дека не треба да ја копира својата соперничка.

Kurir.rs

Огнен максимално ја испочитува својата специјална гостинка Цеца Ражнатовиќ, која во Атина пристигна од Кипар, каде што беше на одмор со сестра и Лидија. На аеродромот ја дочекало обезбедување кое со џип ја однело до луксузниот хотел.

Фудбалерот за неа го закупил најскапиот апартман со поглед на море. Во него пред Цеца престојувале Роналдињо и Жерар Пике, како и Ким Кардашијан, кога го снимала своето реално шоу.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот