Илјадници Израелци протестираа против Нетанјаху, бараат нови избори

Протест против Нетанјаху во Тел Авив - Фотографија ЕПА, Абир Султан

Неколку илјади Израелци вечерва демонстрираа во Тел Авив против владата на Бенјамин Нетанјаху, обвинувајќи го премиерот дека лошо се грижи за безбедноста и барајќи нови избори.

Во изминатите стотина дена против израелската влада демонстрираа главно роднините на заложниците на Хамас, но веќе се повикува и на оставка на Нетанјаху поради лошото владеење. Демонстрантите вееле израелски знамиња и биеле во тапани.

– Владата нѐ напушти на 7 октомври и продолжува да нѐ напушта секој ден. Ги напушта оние што беа раселени од северот (поради нападите од Хезболах), семејствата на жртвите, резервистите и заложниците. Ние имаме моќ за да ја промениме и да ја средиме ситуацијата. Оваа влада мора да си оди, веднаш – им порачала од говорница на демонстрантите Ноам Алон, чиј брат загинал при воена операција за чистење на терористи од израелски град.

Наспроти протестите, аналитичари укажуваат дека позицијата на Нетанјаху не е загрозена и тој е цврсто на челото на воениот кабинет. Опозициските лидери безуспешно се обидоа да поттикнат формирање влада на национално единство, на чие чело не би бил Нетанјаху.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот