Иконому: Во соодветно време, во следниот период ратификација на меморандумите со Северна Македонија

Потпишување на преспанскиот договор Фото: Архива на „Слободен печат“

Трите меморандуми со Северна Македонија што произлегуваат од Договорот од Преспа, а веќе една година чекаат ратификација во грчкиот Парламент, според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому ќе бидат ратификувани во, како што рече, „соодветно време во следниот период“, јави дописничката на МИА од Атина.

Со оглед на тоа што меморандумите беа дел од темите за кои разговараа шефовите на двете дипломатии Бујар Османи и Никос Дендиас на минатонеделната средба во Скопје, дописничката на МИА од Атина, на денешниот редовен брифинг со новинарите побара одговор од владиниот портпарол, дали постои нешто ново околу ратификацијата.

– Во соодветно време, во следниот период, ќе биде и тоа, кусо одговори Иконому.

Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, се трите потпишани меморандуми меѓу Северна Македонија и Грција што произлегуваат од Договорот од Преспа, а во грчкиот Парламент беа доставени кон средината септември минатата година.

Оттогаш сè уште не е ставено на дневен ред, првично, нивното разгледување на надлежната комисија во Парламентот, а потоа и ратификација од пратениците, а од опозициската СИРИЗА, често ја обвинуваат актурлната грчка Влада дека поради внатрешните несогласувања во Нова демократија, намерно ја одложува ратификацијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот