ИЈЗ на Црна Гора: Нови 623 случаи на ковид-19, починаа девет пациенти

Фото; EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Во Црна Гора во изминатите 24 часа се регистрирани 623 нови случаи на коронавирус од 2.237 тестови, како последица на вирусот починаа девет пациенти додека 475 се оздравени, соопшти тамошниот Институт за јавно здравје.

Новите позитивни случаи се од Подгорица – 194, од Будва – 103, од Никшиќ – 78, од Котор – 47, од Херцег Нови – 30, итн.

Во главниот град Подгорица се регистрирани и најголем дел од смртните случаи – 3, во Никшиќ се евидентирани два и по еден во Будва, во Херцег Нови, во Тиват и во Бело поле. Па, вкупниот број на починати пациенти во земјата, од почеток на пандемијата, изнесува 861.

Како оздравени во изминатото деноноќие се заведени 475 лица, а вкупниот број на активни случаи во моментот е 8.173.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот