Игуаин ќе го напушти Јуве и оди во клубот на Бекам

twitter/juventusfc

Како што информира италијанскиот „Скај“, аргентинскиот напаѓач е подготвен за нова авантура, односно се очекува наскоро да направи трансфер во американската МЛС лига.

Гонзало Игуаин се согласи да ја прекине соработката со Јувентус каде што запиша 66 голови во 149 настапи, а негов следен клуб би требало да биде Интер Мајами каде што еден од сопствениците е поранешниот англиски репрезентативец, Дејвид Бекам.

Аргентинецот не тренираше со италијанскиот шампион во четвртокот, тој е подготвен да се пресели во САД и му се придружи на својот екс тимски играч од Јуве, Блез Матуиди.

„Старата дама“ е во потрага по нов напаѓач да соработува заедно со Кристијано Роналдо и Пауло Дибала, а според најавите клубот од Торино наводно ги договорил личните услови со досегашниот член на Барселона, Луис Суарез.

Следната недела Уругваецот треба да го обезбеди италијанскиот пасош, а од претходно е познато дека тренерот Андреа Пирло во Јувентус ги ангажираше Американецот Вестон МекКени од Шалке и Бразилецот Артур Мело од Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот