Ига Швјонтек ја одбрани титулата на „Ролан Гарос“

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Во финалето во женска конкуренција на грен слем турнирот „Ролан ГаросИга Швјонтек со резултат 2:1 (6:2, 5:7, 6:4) во сетови ја совлада Каролина Мухова за два часа и 49 минути игра.

Полската тенисерка убедливо стартуваше во мечот откако го освои првиот сет со 6:2. Фуриозно Швјонтек го започна и вториот сет со 3:0 и тука после еден час игра веќе како да се најавуваше победникот.

Но, потоа на сцена стапи Мухова која покажа многу подобри перформанси, не само што успеа да се врати и израмни двапати на 3:3 и 4:4, туку и да поведе (5:4).

Следуваше ново израмнување за 5:5, а потоа следните два гема ги доби чешката тенисерка за израмнување во сетови на 1:1.

Продолжи низата на гемови Мухова и на стартот од третиот сет кога стекна предност од 2:0, следуваа три врзани гема на фаворитката Швјонтек, но не се предаваше Мухова која возврати за минимална позитива од 4:3 и тоа после нов брејк.

Го врати брејкот полската тенисерка за 4:4, па го искористи нејзиниот сервис за 5:4. Победникот беше решен во 10 гем кога Швјонтек направи нов брејк за победа и освојување на титулата.

Ова е трета титула за Швјонтек на „Ролан Гарос“, претходните две ги освои во 2020 и 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот