Идната прва дама на Америка, Џил Бајден: Едноставен стил и совршени модни комбинации

Instagram
Instagram

Сопругата на идниот претседател на Америка, Џо Бајден, секогаш одбира едноставни и елегантни парчиња облека. Го претпочита префинетиот стил на облекување. Сини нијанси во комбинација со основни бели парчињ, а од новите трендови ги обожава пастелните бои.

Instagram
Instagram

Идната прва дама на Америка често носи фустани со обичен крој. Веднаш по прогласувањето на победата на Бајден на претседателските избори во Америка, фустанот во креација на Оскар де ла Рента што го носеше Џил, се распродал за многу кратко време.

Instagram
Instagram

Оскар де ла Рента се чини дека е омилен дизајнер на првите тами, вклучувајќи ја Џеки Кенеди и Мишел Обама. Џил можеби им оддаваше почит на поранешните први дами, покажувајќи дека е подготвна да се приклучи во нивните редови со веќе познатиот избор на моден дизајнер.

Instagram
Instagram

Фустанот е едноставен, но модерен, комбинирајќи асиметрична линија со цветни везови. Џил го надополнила изгледот со соодветна заштитна маска за лице.

Таа во текот на целата кампања имаше совршени модни комбинации, навестувајќи дека нејзианта мода ќе биде една од темите на нејзиниот мандат како прва дама. Честопати избира фустани со средна должина, со нагласени рамена, во нежни пастелни тонови помеѓу виолетова и розова боја.

Instagram
Instagram

Иако веројатно е свесна дека сината боја одлично ѝ одговара, ја носи во разни варијанти и нијанси, од светло сина до потемна морнарска боја.

Instagram
Instagram

Џил Бајден изјави во јавноста дека планира да продолжи да работи за време на претседателскиот мандат на нејзиниот сопруг, што ниту една прва дама не го сторила тоа во 231-годишната историја на оваа улога.

Instagram
Instagram

Бајден има диплома, две магистерски студии и докторат во сферата на образованието, а како професор работела и во текот на целиот мандат на Џо како потпретседател на Америка.

 

Таа навистина ќе ја носи улогата на прва дама во 21 век“, изјави историчарката за први дами, Кетрин Џелисон за „USA Today“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот