Погледнете во небото! Следен пат Марс ќе биде толку блиску до Земјата дури во 2035 година

Марс, нашиот втор најблизок космички сосед, е во нашата колективна имагинација со децении. Помеѓу фантазиите за посетите на Марс и ветувањата за вода под неговата ледена површина, конечно е најблиску до нас.

Денеска 6 октомври, Марс ќе биде најблиску до нашата планета – само 62,1 милиони километри од Земјата. Марс ќе биде видлив со голо око, а со телескоп ќе може да се види неговата убавина детално. Следен пат кога Марс ќе биде толку блиску до Земјата е дури во 2035 година.

„Планетата Марс ќе биде светла, голема и лесно видлива со или без телескоп. Ви препорачуваме прво да погледнете на небесна мапа за да одредите каде ќе биде Марс на ноќното небо на вашата локација за да можете да го испланирате гледањето на оваа убавина која е најблиску до нас во последните 15 години. Денот кога ќе бидеме апсолутно најблиску до Марс е 6 октомври, затоа подгответе се!“, пишува Sciencealert.com

Марс и Земјата се наоѓаат во благо елипсовидни орбити, што значи дека тие можат повремено да се приближат многу една до друга.

„Како и секоја планета во нашиот Сончев систем, Земјата и Марс кружат околу Сонцето. Но, Земјата е поблиску до Сонцето и затоа се движи побрзо во својата орбита. Земјата прави два круга околу Сонцето, додека Марс прави едно такво патување во тоа време”, објаснува НАСА. Додека една година на Земјата трае 365 дена, на Марс, мерена со „Земјини денови“, таа трае 687 дена“, пишува Sciencealert.com

Во астрономскиот феномен е дека Марс изгрева кога Сонцето заоѓа, и заоѓа кога Сонцето изгрева.

Американската вселенска агенција исто така соопшти дека во 2020 година ќе бидат снимени невообичаено голем број метеори, кои обично се нарекуваат „sвезди кои паѓаат“, но само малкумина ќе имаат среќа да ги видат и секако да замислат желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот