ИД СЕ ОДМАЗДУВА ЗА АЛ БАГДАДИ: Терористите убиле 11 христијани за Божиќ

Фото: Твитер

Исламска држава објавила видео снимки на кои е прикажано убивање на 11 христијани во Нигерија со објаснување дека е дел од одмаздата за убиството на нивниот лидер Абу Бакр ал-Багдади и неговиот портпарол.

Снимките биле објавени на веб каналот на ИД, еден ден после Божиќ, на арапски јазик, но без звук.

На снимката се гледаат мажи во униформи и со црни маски, кои стојат зад заробениците, а потоа пукаат во едниот, па ги сечат главите на останатите, пренесува Ројтерс.

На претходната видео снимка се гледа дека заробениците се одведени во североисточна Нигерија, каде терористите со години се борат за воспоставување на Исламска држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот